Финансии / Банкарство

ВАЖНО Е ДА СЕ ЗАБРЗААТ РЕФОРМИТЕ ЗА ПРЕМИН ОД МОДЕЛ НА РАСТ БАЗИРАН НА ПОТРОШУВАЧКА КОН ПОГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИИ И ИЗВОЗ

Марко Мантованели

Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?
Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада?


По надворешните и домашните шокови, Македонија успеа да ја одржи својата макроекономска стабилност. Ова значајно остварување е предуслов за економски раст и намалување на сиромаштијата. Оттука останува суштински важно да продолжи примената на прудентни макроекономски политики. Понатаму властите презедоа мерки за усогласување на бизнис-регулативата за да се поттикнат инвестициите. Важно е да се одржи темпото на реформите за понатамошно зацврстување на инвестициската клима, особено за создавање еднакви услови за конкуренција меѓу фирмите.

За да се постигне повисок, одржлив и инклузивен раст, важно е да се забрзаат реформите за премин од модел на раст базиран на потрошувачка кон поголеми инвестиции и извоз. Покрај макроекономската стабилност, ова ќе бара да се подобри конкурентноста преку подобрување на услугите и на транспарентноста на јавниот сектор, подобрување на владеењето на правото, регионалната поврзаност, елиминирање на бариерите за вработување и учество на работната сила. За да се прекине кругот на висока емиграција и низок раст треба да се вложат напори за подобрување на перспективите на младите луѓе преку подобрување на нивните вештини бидејќи квантитетот и квалитетот на образованите лица се влоши изминативе години.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано