Финансии / Банкарство

Николче Петкоски: ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИИ ДА ДОБИЈАТ ИСТ ТРЕТМАН КАКО И СТРАНСКИТЕ

Николче Петкоски

Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?
Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада?


Новата Влада треба да продолжи со имплементација на дел од активните мерки за вработување, како и политиката на привлекување странски директни инвестиции, но воедно сметам дека и домашните компаниии е потребно да добијат ист третман како и странските. Кои типови на странски инвестиции ќе се стимулираат, концептот и пристапот –е сосема друга работа, активна и пред сѐ транспарентна политика на привлекување странски и домашни инвестиции треба да остане еден од главните приоритети на оваа Влада.

Потребно е да се знае колкав е износот на достасани, а неизмирени обврски на државава кон своите доверители и план за негово измирување, кои ќе бидат приоритетни капитални трошења и како ќе се финансираат, даночни реформи, фискална транспарентност...

Премногу работи треба да профункционираат во државава, но како и да е, економијата има предност за да може да се реагира и во останатите сегменти од општеството. Производството мора да има примат, треба да се успее во што покус рок да се формира реална слика за стопанството и да се согледаат потребите на компаниите. Експертите и стопанствениците се согласни дека неликвидноста или вечниот проблем на компаниите останува еден од приоритетите за решавање, како и дека конечно се потребни низа законски измени за подобрување на условите за работење на домашните компании. Според мене, најважното прашање во наредниов период би било како да се одржат растот и развојот, а да не се прекине со капиталните инвестиции, односно да се направат приоритети за оние кои се веќе започнати.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано