Финансии / Банкарство
Фатмир Бесими: ВАЖНО Е ДА ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИТЕ, КАКО СТРАНСКИ ТАКА И ДОМАШНИ, ПОКРАЈ ЈАВНИТЕ ДА СЕ ПОТТИКНАТ И ПРИВАТНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ
Фатмир Бесими
Поранешен заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања
Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?
Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада?
Македонија треба да го забрза економскиот раст и тоа да биде поинклузивно. За да се постигна тоа потребно е синхронизирано да се влијае и на страна на понудата и на страна на потрошувачката за економијата да се подигне на повисоко ниво. Важно е да има зголемување на инвестициите, како странски така и домашни, покрај јавните да се поттикнат и приватните инвестиции. Во таа насока потребна е поддршка на претприемништвото и на бизнисот во креирање нови работни места, особено за младите;поддршка на истражувањата и развојот, иновации, нови знаења и образовен систем кој ќе создаде квалификувани кадри според потребите на пазарот и спремни да одговарат на модерните предизвици на глобализацијата,односно треба да се зголеми продуктивноста со цел економијата да стане поконкурентна за освојување на нови пазари, но во исто време тоа ќе го подигне и животниот стандард кој, всушност, ќе влијае и врз зголемување на домашната потрошувачката. На крај, но исклучително важно е подобрувањето на бизнис-климата воопшто, но би ги издвоил подобрувањето на инфраструктурата, транспарентноста и предвидливоста на деловната регулатива, како и потполна функционална пазарна економија.