Финансии / Банкарство

Никица Мојсоска Блажески: ПРОМЕНА НА СИСТЕМОТ НА РАМЕН ДАНОК ЌЕ ПРОДУЦИРА КРЕАТИВНО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ АГЕНТИ ЗА ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ОДАНОЧУВАЊЕТО

Никица Мојсоска Блажески

Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?
Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада?

 

Сметам дека претходната Влада спроведе многу реформи кои беа корисни за економијата. Кај некои од нив потребни се подобрувања врз основа на искуствата од имплементацијата. Еве неколку примери. Системот на рамен данок значително ја намали сивата економија и ги зголеми даночните приходи. Промена на системот ќе продуцира креативно дејствување на економските агенти за избегнување на оданочувањето. Политиката на привлекување на СДИ треба да продолжи со зголемена транспарентност за трошоците. Мора да се продолжи со инфраструктурни проекти и тие не смеат да бидат жртвувани во име на балансиран буџет. И екстерното тестирање мора да се задржи со одредени измени во имплементацијата бидејќи обезбедува унифицираност во стандардите и оценувањето меѓу различни школи.    

Промени: реформа на системот на социјална помош – системот е фрагментиран, со многу видови помош, а со мали ефекти врз сиромаштијата;поголеми напори за поврзување на домашните компании со СДИ;зајакнување на институциите на пазарот на труд, пред сѐ АВРМ, кадровски и финансиски;големи и модерни инфраструктурни проекти со рамнотежа меѓу квалитетот и цената;заштита на домашното производство и поттикнување на приоритетните сектори. Општо: да се користат докази пред спроведувањето на реформи;да не се следи само примерот на западните земји во реформите;строга селекција и извршување на капитални инвестиции со голема домашна компонента;да се подобри пристапот до информации за истражувачите;спроведување на еспериментални мерки, особено на пазарот на труд.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано