Финансии / Банкарство
Александар Стојков: ПОТРЕБЕН Е СТЕНД-БАЈ АРАНЖМАН И КРЕДИТ ОД ММФ
Александар Стојков
Професор на Правниот факултет, УКИМ
Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?
Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада?
Агресивниот пристап во привлекувањето на странските директни инвестиции, обемните инвестиции во енергетската и патната инфраструктура, обновувањето на училишните згради и болниците, поддршката на претприемништвото и бизнис-окружувањето се значајни успеси кои не смеат да бидат поматени.
На макроекономски план се потребни: стенд-бај аранжман и кредит од ММФ; намалување на нивото на јавниот долг преку значајно кратење на буџетските расходи и мудро дизајнирање на прогресивен персонален данок на доход. Мудроста е во одмерувањето на даночните транши и даночните стапки.
На институционален план е потребно: натамошно подобрување на квалитетот на јавните услуги преку дисциплинирање на дел од разузданата државна и јавна администрација; поправеден систем на јавни набавки; поквалитетно образование сообразено со потребите на пазарот на трудот и, иако последно, сепак најважно – враќање на довербата во институциите. Најмногу загрижува недостигот на конкретна економска програма на новата Влада, која можеби ќе се компензира со успеси на меѓународен политички план или поинаку.