Финансии / Банкарство

Марјан Петрески: ФОКУСОТ ДА СЕ СВРТИ КОН ДОМАШНИТЕ ФИРМИ, КАКО ТИЕ ДА СЕ ПОВРЗАТ СО СТРАНСКИТЕ ФИРМИ, КАКО ДА ИЗВЕЗУВААТ ПОВЕЌЕ И ПОВИСОКО-КОНКУРЕНТНИ ПРОИЗВОДИ, И КАКО ДА БИДАТ ИНОВАТИВНИ

Марјан Петрески

Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?
Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада?

 

Она што сметам дека треба да остане непроменето е пристапот според кој Владата со своите политики ќе стимулира создавање нова вредност во приватниот сектор наместо доминантно да се занимава со прашања на прераспределба на веќесоздадената вредност. Сепак, потребна е промена на концептот како тоа да се изведува и таквата промена ја сметам за клучен економски потег што треба да го направи новата Влада. Наместо исклучив фокус кон привлекување странски фирми и посебно на такви чија создадена вредност во Македонија се сведува само на употребената работа сила, фокусот да се сврти и кон домашните фирми, како тие да се поврзат со странските фирми, како да извезуваат повеќе и повисоко-конкурентни производи, и како да бидат иновативни.

Вакапоставениот концепт може да биде дополнет со некои прашања на секундарна распределба на доходот преку промени во даночната политика и политиката на субвенционирање. Сепак, промените во даночниот модел, наглиот пораст на минималната плата и сл. може да предизвикаат и многу негативни ефекти и затоа нивното воведување треба да биде базирано на докази преку спроведена темелна анализа и базирано на широка дебата во која ќе се консултираат сите засегнати страни. На таков начин, меѓу другото, и очекувањата на економските агенти ќе останат релативно стабилни, што е многу важна претпоставка за економски раст.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано