Финансии / Банкарство

Владимир Филиповски: ПОТРЕБНО Е ЗАЈАКНУВАЊЕ НА НЕЗАВИСНОСТА, ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОТЧЕТНОСТА НА ЕКОНОМСКИТЕ РЕГУЛАТОРНИ ТЕЛА

Владимир Филиповски

Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?
Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада?

 

Потребни се: политика на привлекување странски директни инвестиции, но претходно реформирана во некои клучни сегменти; политика на субвенции во земјоделството, но претходно реформирана во некои клучни сегменти; активни политики на пазарот на трудот со одредени дополнувања, поддршка на мали и средни претпријатија: гаранциски шеми;но, генерално, сопоголема насоченост кон иновативните бизниси и иновативните механизми на финансирање за фирми во ИКТ-секторот.

Потребна е генерално политика на релативно ниско (т.е. умерено) ниво на оданочување, но истовремено и паралелно со сериозно рационализирање на буџетската потрошувачка; воведување фискални правила во соодветна законска рамка; зајакнување на независноста, транспарентноста и отчетноста на економските регулаторни тела; либерализација на пазарот на електрична енергијаво рамките на Европската енергетска заедница.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано