Финансии / Банкарство

Сашо Клековски: МЕРКИТЕ И РЕСУРСИТЕ ДА СЕ ФОКУСИРААТ НА НЕКОЛКУ СТРАТЕШКИ ПОДРАЧЈА

Сашо Клековски

Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?
Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада?

 

Постигнувања на претходната Влада се: макроекономска стабилност, ефективна даночна политика, на пример рамниот данок, и намалување на невработеноста. Подобрена е бизнис-климата, пред сѐ работата на Централниот регистар, како и на Катастарот. Субвенциите во различни подрачја како земјоделство, туризам, странските инвестиции, вработувањето имаат одредени ефекти.

Новата Влада треба да продолжи во градењето бизнис-клима, пред сѐ во подобрување на правната и регулативна средина (стабилност, предвидливост), владеење  на правото и борбата против корупцијата и обезбедување лојална конкуренција.

Потребна е оценка на различните политики со цел подобрување на ефективноста, на пример на субвенциите. Се стекнува впечаток дека на пример субвенциите во земјоделието пред сѐ имаат социјален карактер, а недостасува развоен карактер. Секако недостасува и сосредоточеност на мерките и на ресурсите на неколку избрани стратешки подрачја. По што ќе биде препознаенаМакедонија?По ајварот, виното, фармацијата, Охрид или нешто сосема друго.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано