Финансии / Банкарство

ЦРНА ГОРА ГО ЗГОЛЕМИ ДДВ ОД 19 НА 21 ОТСТО

По предлог на Владата, Собранието на Црна Гора донесе одлука да ја зголеми стапката на ДДВ од 19 на 21 отсто, јавуваат медиумите во земјата. Измените и дополненијата на Законот за ДДВ, предложени од Владата, ќе стапат во сила во јануари следната година. Зголемувањето на најиздашниот данок во Црна Гора доаѓа откако Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и други финансиски организации ѝ сугерираа на Црна Гора фискална консолидација која, пак, произлегува од големината на јавниот долг кој без гаранции се движи околу 65 отсто од БДП. Изминатиов период големината на јавниот долг на Црна Гора предизвика загриженост како кај домашните, така и кај странските финансиски организации. Покрај овие мерки, Собранието ги усвои и измените со кои се намалуваат примањата на функционерите за шест отсто, како и надоместокот за мајките кои имаат три и повеќе деца. Црна гора планира суфицити во буџетите со кои ќе обезбеди намалување на јавниот долг до 2020 година. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано