Финансии / Банкарство
ШКОТСКА БАРА ЗАШТИТА НА СКОЧ ВИСКИ И ПО БРЕГЗИТ
блиц свет
Шкотска побара генеричкиот бренд Скоч да биде дефиниран во законот на Обединетото Кралство со цел да се заштити извозот на производот по БРЕГЗИТ. Кит Браун, шкотскиот министер за економија, упати писмо до министрите на Обединетото Кралство во кое бара шкотското виски да биде заштитено во државата како „витална индустрија“ откако Британија ќе ја напушти ЕУ. Браун во писмото бара силна правна заштита на индустријата за виски, чиј извоз на државата ѝ носи околу четири милијарди фунти (пет милијарди евра). „Покрај фактот што се работи за заштита на традицијата и културата на Шкотска, оваа индустрија обезбедува над 20 илјади работни места, а новите договори како ТТИП овозможуваат ослободување и проширување на досегашните стандарди за шкотско виски“, истакна Браун. Како што се наведува, ЕУ-дефиницијата за виски во моментов забранува продажба на производи кои не се стандардни, но ЕУ-законите веќе нема да важат за Британија откако земјата ќе излезе од Унијата во 2019 година.