Финансии / Банкарство
КИНА ЗАПОЧНА СО ИЗГРАДБА НА ВТОРАТА ПО ГОЛЕМИНА ХИДРОЦЕНТРАЛА ВО СВЕТОТ
блиц свет
Кина започна со изградба на Хидроцентралата „Бајхетан“ на реката Ќинша, втора по големина во светот. Комплексот ќе вклучува 16 хидраулични турбини со моќност од 1 гигават секоја со што моќноста на целиот систем ќе биде 16 гигавати, соопштуваат кинеските агенции. Централата се предвидува да биде претставена во 2021 година, а целосно да биде завршена до крајот на 2022 година кога и се предвидува да биде ставена во функција. Годишното производство се предвидува да достигне над 60 милиони мегават часови, што претставува околу две третини од сегашната потрошувачка на електрична енергија на Пекинг. Браната, чија изградба е започната во 2008 година, ќе биде околу 300 метри висока. По нејзиното завршување ќе биде втора по големина во Кина и четврта во светот. За реализација на проектот, чија вредност не е соопштена, властите ќе преселат приближно 100 000 жители од провинциите Сечуан и Јунан. Најголемата хидроцентрала во светот исто е кинеска – „Трите клисури“лоцирана на реката Јангцег која има инсталирана моќност од 22,5 гигавати.