Финансии / Банкарство

ФРАНЦУСКИ ТОТАЛ ГО КУПИ ДАНСКИ МАЕРСК ЗА 7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Францускиот нафтен гигант Тотал ја купи данската нафтена компанија Маерск, договор вреден 7 милијарди евра, со што француската компанија сака да ја зајакне својата позиција во операциите во Северното Море и да го зголеми дневното производство на нафта на 3 милиони барели нафта дневно. Тотал очекува, откако целосно ќе се реализира зделката, некаде на средината на 2018 година, тоа да ѝ обезбеди на компанијата заштеди и приходи кои ќе обезбедат околу 400 милиони евра дополнителен профит годишно за компанијата. Тотал објави дека нивниот фокус се новите извори на нафта и во тој правец е и нивното ширење во Северното Море со аквизиција на постоечките компании кои оперираат таму. Данската компанија која при склучувањето на договорот во своите резерви има еквивалент на околу една милијарда барели нафта, продажбата на Тотал ја смета како дел од сопствената стратегија за развој во чиј фокус е транспортот и останатите активности на компанијата. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано