Финансии / Банкарство

ЧИПОВИТЕ НА ТОШИБА ОДАТ ВО ВЕСТЕРН ДИГИТАЛ

Конзорциум во кој влегува и Вестерн дигитал (Western Digital) понуди 1.9 илјади милијарди јени (околу 17, милијарди евра) за делот за производство на чипови на Тошиба (Toshiba), што кинескиот гигант се обидува да го продаде за да ги покрие загубите од американската нуклеарна подружница Вестингхаус (Westinghouse). Според предлог-договорот, од понудата  150 милијарди јени се однесуваат на Вестерн дигитал во конвертибилни обврзници, кои немаат право на глас во бизнисот. Покрај Вестерн дигитал, конзорциумот ја вклучува уште компанијата за приватни капитални инвестиции ККР и ко. (KKR & Co), како и државните Иновејшн нетворк корп оф Џапан[V1]  (Innovation Network Corp of Japan) и Девелопмент банк оф Џапан (Development Bank of Japan). Секоја од трите компании ќе понуди 300 милијарди јени за бизнисот со чипови. Тошиба соопшти дека нема да ги коментира дискусиите со потенцијалните кандидати за бизнисот со чипови, а коментар одбија да дадат и Вестерн дигитал и останатите компании од конзорциумот.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано