Финансии / Банкарство
ВЕЌЕ СЕ ИЗГРАДЕНИ 170 КИЛОМЕТРИ ОД „ТУРСКИ ТЕК“
блиц свет
Како што соопшти рускиот министер за енергетика Александар Новак, Русија веќе изградила 170 километри од гасоводот „Турски тек“ по дното на Црното Море. „Проектот за изградба на гасоводот’Турски тек‘, чија цел е јакнење на енергетската безбедност на Турција и на ЕУ како целина, успешно е имплементиран. Во мај годинава изградбата на гасоводот започна во близина на рускиот брег на Црното Море. Моментно се изградени 170 километри од гасоводот“, изјави Новак во Измир. „Турски тек“ е новиот гасовод за извоз на гас од Русија до Турција по дното на Црното Море, што потоа треба да транзитира и кон земјите на Југоисточна и на Централна Европа. Се гради на местото на „Јужен тек“ кој Русија престана да го споменува поради противењето на Европската Унија. Изградбата на гасоводот „Турски тек“ треба да заврши кон крајот на 2019 година. Русија повеќепати истакнуваше дека ќе започне да го гради делот од „Турски тек“ до ЕУ само доколку добие гаранции од Брисел.