Финансии / Банкарство
ШЕСТИ ПАТ МАКЕДОНИЈА 2025
блиц Македонија
На 1 и 2 ноември Скопје е повторно домаќин на Самит Македонија 2025. Самитот претставува динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, на економијата, на технологијата, на лидерството и на иновациите. На настанот ќе присуствуваат над 50 врвни говорници и публика составена од над 300 дипломати, директори, претприемачи, академици и млади лидери кои ќе имаат уникатна прилика за вмрежување, размена на искуства, градење идни партнерства и соработка. Оваа година говорници на Самитот МК 2025 ќе бидат: Суан Хианг Ли, претседател на Бордот за економски развој во Сингапур; Вања Јосифовски, главен технички директор на Пинтерест (Pinterest); Алек Ицев, инженерски менаџер во Гугл (Google); Ацо Момчиловиќ од хрватската Римац автомобили, производител на најбрзите електрични автомобили во светот; Рубен Вардањан, влијателен руско-ерменски претприемач, Тјаша Фицко, заменик-градоначалник на Љубљана, како и многу други звучни имиња. Македонија 2025 стана водечка платформа во регионот, a Македонија препознатлива дестинација каде што можат да се слушнат последните светски трендови кои ја движат економијата.