Финансии / Банкарство

ВИНАТА НА ТИКВЕШ ГОДИНАВА СО РЕКОРДЕН БРОЈ МЕЃУНАРОДНИ НАГРАДИ

Во конкуренција од над 12 000 пријавени вина од 40 земји, на реномираниот вински натпревар во Австрија – Austria Wine Challenge – Vienna 2017, златен медал освои белото вино на Тиквеш Grenache Blank Special Selection (Гренаш бланк спешал селекшн) од бербата 2016, а сребрени медали добија црвеното вино Alexandria Cuvee (Александрија куве) берба 2015 и белото вино Temjanika Classic (Темјаника класик) 2016. Истовремено, на најголемиот вински натпревар што се одржува на азискиот континент – Decanter Asia Wine Awards 2017, сребрени медали освоија две црвени вина на Тиквеш – Barovo (Барово) и Alexandria Cuvee (Александрија куве) од бербата во 2015, а бронзен медал освои Domaine Lepovo Grand Cuvee (Домен Лепово гранд куве), берба 2015. Со најновите медали од винските натпревари во Австрија и во Азија, вкупната бројка на освоени медали за вината „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ на престижни светски вински натпревари оваа година се искачи на 60, што претставува рекорд не само за Тиквеш туку и за сите останати производители на вино во земјава и поширокиот регион.  

ПРЕПОРАЧАНО