Финансии / Банкарство

ПОДДРШКА ЗА РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛНОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ОД СТОПАНСКА БАНКА А.Д БИТОЛА

Стопанска банка а.д. Битола и Социјалното претпријатие „Паблик“ кое го издава добро познатото улично списание Лице в лице разменија првични информации за бизнис-плановите на „Паблик“, како и сферите каде што Стопанска банка а.д. Битола може да понуди помош и познавања (know how) со цел нивно зацврстување на пазарот и етаблирање. „Навистина сме среќни што сме ментори на Паблик, кои можат да сметаат на стручна и искрена помош. Како банка располагаме со одлични вештини, знаења и искуство и сме убедени дека ова социјално претпријатие многу скоро ќе биде еден од лидерите во социјалната економија и пример за останатите”, изјави Наташа Савова, директорка за маркетинг во Стопанска банка а.д. Битола. Дополнително Савова нагласи дека се подготвени да помогнат и во делот на маркетинг и брендирање на производите кои „Паблик“ планира да ги пласира на пазарот во предновогодишниот период. „Паблик“ предвидуваат проширување на понудата со сродни производи кои ќе го носат логото на Лице в лице како што се: пенкала, бележници, маички, капи, подлошки за чаши и сл.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано