Финансии / Банкарство

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА ВИЗИИ ЗА ПОДОБРО ОПШТЕСТВО

Намалување на загаденоста од текстилен отпад во Македонија преку ангажирање долгорочно невработени жени, намалување на вишокот храна што се фрла на депонија и нејзина намена онаму каде што е најпотребна, промоција на ракотворби изработени од лица со попреченост и маргинализирани групи, заштита на бездомните кучиња, но и подигнување на свеста дека нив треба да ги посвојуваме, а не да ги купуваме се наградените идеи на „Social Impact Award 2017“. Ова се визиите на „Food for everyone (Community)”, „AvavHappy Dog Centre”, „Sozdadi.mk” и „Coterie – The Art of upcycled clothes”, овогодишни добитници на наградата „Social Impact Award” – чиј заеднички предзнак е создавање позитивен општествен импакт во своето опкружување. Конференцијата беше местото каде што младите имаа можност да слушнат инспиративни приказни за трендовите на социјалното претприемништво и социјалните иновации од девет говорници од регионот и од Европа. „Social impact award” се доделува трета година по ред, а од Шпаркасе банка Македонија, покровители на настанот, силно веруваат дека овие идеи ќе направат видлива промена и ќе бидат значаен придонес кон подобро и поквалитетно општество. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано