Финансии / Банкарство
ЕУ ГО КАЗНИ АМАЗОН СО 250 МИЛИОНИ ЕВРА ПОРАДИ НЕПЛАТЕН ДАНОК
блиц свет
Интернет-компанијата Амазон треба да му плати на Луксембург 250 милиони евра заостанат данок, соопшти Европската Унија. Европскиот комесар за конкуренција, Маргарета Вестагер, истовремено најави тужба против Ирска затоа што не ѝ наплатила данок од 13 милијарди долари на компанијата Епл. Вестагер тврди дека Амазон и Епл оствариле добивка благодарение на договори со државите што им овозможиле да избегнуваат плаќање данок. Според неа Амазон од 2003 година остварил недозволен профит благодарение на ниските даноци во Луксембург каде што се наоѓа европското седиште на компанијата. Амазон соопшти дека немал повластен третман во Луксембург. „Плаќавме данок во согласност со луксембуршките и светските даночни закони“, наведе компанијата. На Амазон му било овозможено да плаќа четирипати помал данок во однос на локалните фирми. Вестагер изјавила дека членките на ЕУ не смеат на мултинационалните компании да им даваат даночни олеснувања какви што не се достапни за другите фирми.