Финансии / Банкарство

ГАЗПРОМ СЕ ПОФАЛИ СО НАПРЕДОК ВО ИЗГРАДБАТА НА ГАСОВОДИТЕ

блиц свет

Како што соопштија од компанијата Газпром, досега е изградена половина од првиот дел од „Моќта на Сибир“, информираат од компанијата, наведувајќи притоа дека се изградени повеќе од 1 095 километри гасовод или 50,7 проценти. Русија и Кина, по десетгодишни преговори, во мај 2014 година потпишаа договор за гас за рок од 30 години, вреден 400 милијарди долари. Договорот предвидува Русија да ја снабдува Кина со 38 милијарди метри кубни гас годишно преку источниот гасовод „Моќта на Сибир“ кој минува преку Сибир и стигнува до кинеските населени североисточни региони. Подоцна компанијата соопшти дека изградила и 373 километри подводни делови од гасоводот „Турски поток“ кој оди по должината на дното на Црното Море. Проектот „Турски поток“ предвидува изградба на гасовод низ Црното Море до европскиот дел на Турција и понатаму до границата со Грција. Првиот крак на гасоводот е наменет за снабдување на турскиот пазар со гас, додека другите ќе се користат за снабдување со гас на Јужна и Југоисточна Европа. 

ПРЕПОРАЧАНО