Финансии / Банкарство

МИОДРАГ КОСТИЌ ГО КУПУВА СРПСКИОТ ДЕЛ НА МЕРКАТОР

блиц свет

Српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ, кој е познат по големите инвестиции во Словенија, и тоа во недвижности, туристичкиот сектор, како и банкарството, пројавил интерес за купување на Меркатор - С, српскиот дел од холдингот Меркатор. Според неименувани извори на словенечките медиуми, Костиќ веќе откупил дел од обврските на гигантот Агрокор спрема австриски и италијански банки од околу 28 милиони евра, а стапил и во преговори со конзорциумот на банки кои имаат побарувања од дополнителни 14 милиони евра во Агрокор. Инаку Агрокор, кој е сопственик на Меркатор, мајката фирма на Меркатор - С, веќе подолг период е во стечајна постапка, а се водат и процеси за злоупотреба и измама од страна на раководството на компанијата. Во сопственост на Миодраг Костиќ е хотелот Кемпињски во Порторож, кој го купи за 24 милиони евра, потоа тој е еден од најголемите акционери во Горењска банка, но и сопственик на повеќе недвижности во Словенија. 

ПРЕПОРАЧАНО