Финансии / Банкарство

Што очекувате од 2018 година? Самуел Жбогар: ОЧЕКУВАМЕ ПОНАТАМОШЕН ПРОГРЕС КОН ФУНКЦИОНАЛНА ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА

Во 2018 година очекуваме понатамошен прогрес кон функционална пазарна економија. Очекуваме зголемување на стапката на вработеност и систематизирано справување со високата невработеност на младите. Треба да продолжи трендот на диверзификација на извозот кон производи со повисока додадена вредност. Би сакале да видиме зголемена конкурентност на домашниот приватен сектор кој е погоден од неефикасниот судски систем, големата неформална економија и тешкиот пристап до финансиски средства, особено за малите и средни претпријатија. Транспарентноста во управувањето со јавните финансии се подобри и очекуваме понатамошен напредок во имплементацијата на Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии. Исто така треба да продолжи и позитивниот тренд на зголемена ефикасност во наплатата на приходите, а јавниот долг треба да се намали. Се очекува понатамошен прогрес кај поттикнувањето иновации и дигитализацијата. Подобрувањата на квалитетот на образовните програми преку усогласување со вештините што ги бара пазарот, како и на продуктивните инвестиции, вклучително во јавната инфраструктура, кои во значителна мерка останаа нереализирани во тековната година, би ја направиле економијата на земјата поконкурентна. 

ПРЕПОРАЧАНО