Финансии / Банкарство

ЕР БЕРЛИН ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈАТА

Втората по големина авиокомпанија во Германија, Ер Берлин, замина во историјата. Последниот, ревијален лет на Ер Берлин на релација Минхен – Берлин, полн со вработени и со патници, го означи крајот на компанијата со неколку круга на небото над Берлин. Ер Берлин беше втора по големина авиокомпанија во Германија, а беше основана во 1979 година. Таа имаше околу осум илјади вработени и околу 150 летала. По објавувањето банкрот, во август годинава, Луфтханза најави дека ќе преземе повеќе делови од Ер Берлин, кои бројат неколку илјади вработени, како и над 80 авиони. Дополнително нискобуџетната авиокомпанија Изиџет постигнала договор со Ер Берлин за купување на дел од имотот на германската компанија која отиде под стечај, а вредноста на договорот е 40 милиони евра. Британската компанија објави дека ќе добие дел од имотот за работа во автотранспортот на аеродромот Берлин – Тегел. Германските медиуми известуваат дека Изиџет ќе преземе и 25 ербаса А320, авиони кои досега ги поседуваше Ер Берлин. 

ПРЕПОРАЧАНО