Финансии / Банкарство

Што очекувате од 2018 година? Мајк Зафировски: ВО СВЕТОТ НАЈГОЛЕМИТЕ РИЗИЦИ ЗА РАСТ СЕ ПОВЕЌЕ ПОЛИТИЧКИ ОДОШТО ЕКОНОМСКИ

Се чини дека глобалниот пораст на БДП достигнува ниво од 3,7 % за 2017 година (значително повеќе од предвидувањата минатата година) и оптимист сум дека ваквиот нагорен тренд ќе продолжи до речиси 4,0 % во 2018 година, базирано врз зголемената доверба кај потрошувачите, даночната реформа во САД за стимулирање на повеќе инвестиции, континуираното зголемување на работната продуктивност и релативно (во споредба со минатото) послободните монетарни политики. Се согласувам со повеќето експерти кога велат дека најголемите ризици за раст се повеќе политички одошто економски – на пр. последните случувања со Северноамериканската зона на слободна трговија (НАФТА), победата на екстремните популисти во Италија и / или нуклеарните, геополитички закани. Во пресрет на очекувањата за зголемен раст и споменативе несигурности, од огромна важност се обуките за вработените и развојот на врвни лидери како во јавниот, така и во приватниот сектор. Зборувајќи за лидерството во Македонија, останувам ентузијаст за уделот на „Македонија2025“ во развојот на лидерските вештини, претприемништвото и зголемувањето на конкуретноста на малите и средни претпријатија.
За повеќе информации, посетете ја http://www.macedonia2025.com

ПРЕПОРАЧАНО