Финансии / Банкарство

Што очекувате од 2018 година? Светозар Јаневски: ВО 2018 ГОДИНА ЌЕ ГИ ИЗНЕНАДИМЕ И ЌЕ ГИ ИЗРАДУВАМЕ ПОТРОШУВАЧИТЕ

Секогаш велам дека за да го достигнете посакуваниот успех потребно е да си поставите амбициозни цели и постојано да се трудите да ги остварите, вложувајќи страст и енергија во тоа. Во Тиквеш планираме да продолжиме уште поамбициозно во остварување на нашата цел да станеме препознатлив играч во глобалната винска индустрија и најавувам дека во 2018 година ќе имаме вести со кои ќе ги изненадиме и ќе ги израдуваме потрошувачите. Гледајќи како Тиквеш станува бренд кој ја промовира Македонија во светот, бренд со кој се гордеат нашите потрошувачи, расте вербата дека ќе го изодиме и останатиот дел од патот кон уште поголем успех.
Во 2018 година посакувам здравје и среќа на сите, но и голема енергија, што секако ќе ни биде неопходна во нареднава година да ги постигнеме саканите цели.

ПРЕПОРАЧАНО