Финансии / Банкарство
СЕБАСТИЈАН СОСА Е НАЗНАЧЕН ЗА РЕЗИДЕНТЕН ПРЕТСТАВНИК НА ММФ ВО МАКЕДОНИЈА
Џесмин Рахман, шеф на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Македонија, денес во Вашингтон изјави:
“ММФ го назначи Себастијан Соса, резидентен претставник на ММФ во Србија, исто така, да ја врши функцијата и на резидентен претставник во Македонија. Соса ќе остане со седиште во Белград и ќе ги покрива двете држави. Ова назначување има за цел да обезбеди континуиран дијалог и проток на информации помеѓу Фондот и властите во Скопје. Исто така, ќе ја олесни и интензивната техничка помош и набљудувачките активности на ММФ во Македонија ".