Бизнис

Стабилен рејтинг „А“ за Триглав и цели за освојување на следното скалило „АА“

блиц свет

Агенцијата за кредитен рејтинг СиП (S&P Global Ratings) на Групацијата Триглав повторно ѝ ја потврди долгорочната кредитна бонитетна оценка и кредитната оценка за финансиска моќ „A“ со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на стабилното и профитабилно работење на Групацијата Триглав, нејзината солидна капитализираност, промислената реосигурителна заштита и водечката позиција на пазарот во Словенија и во регионот. Во извештајот се наведува дека Групацијата со својот фокус кон клиентите и во овие тешки услови обезбедува стабилно и профитабилно работење во двете активности, во осигурувањето и во управувањето со средства. Стабилната среднорочна прогноза на кредитниот рејтинг ги рефлектира очекувањата на СиП дека Групацијата Триглав и во иднина, најмалку во следниот двегодишен период, успешно ќе ја одржува деловната стратегија со акцент на растот и натамошната диверзификација во работењето. Агенцијата очекува дека Групацијата Триглав, и покрај пандемијата и нејзините влијанија, ќе ги одржи доброто и стабилно работење и високата капитализираност и дека и во следниве две до три години ќе ги исполнува критериумите за најмала оцена „AA“.

ПРЕПОРАЧАНО