Вести
Фолксваген ги засилува активностите за развој на автономни возила
блиц свет
Најпрво компанијата објави дека започнува со тестирање на автономни автомобили во градот Хефеј, Кина. Фолксваген, кој е најголемиот странски импортер на возила во државата, изминатиов месец го стави своето возило „ауди е-трон“ (Audi’s e-tron electric sport utility vehicles) на пробна тест употреба на улиците на Хефеј. Овие активности се продолжение на активностите на компанијата, најавени уште од мај оваа година, за преземање на кинескиот производител на електрични автомобили ЈАК (JAC), зделка вредна една милијарда евра. Подоцна во јуни компанијата склучи инвестициски договор вреден 2,6 милијарди долари и со Арго АИ (Argo AI), успешен стартап за развој на автономни возила од Питсбург, Пенсилванија, САД. Како последна од инвестициските активности насочени кон развојот на автономни возила се сметаат активностите на Тратон (VOWG Traton), единицата на Фолксваген за производство на товарни возила, кои најавија партнерство со Ту симпл (TuSimple), американска компанија со седиште во Сан Диего, Калифорнија, уште една успешна стартап приказна во развојот на технологиите за автономни возила.