Бизнис

Чарџ поинт најавува експоненцијален раст на бизнисот за полнење електрични возила

блиц свет

Една од најстарите и најголемите мрежи за полнење на електрични возила во светот Чарџ поинт (ChargePoint Inc) објави дека во рамките на спојувањето со Свичбек енерџи (Switchback Energy Acquisition Corp) ќе излезат на прво јавно појавување (ИПО) при што процената за вредноста на компанијата е поставена на 2,4 милијарди долари. „Да се биде подготвен да се излезе на јавниот финансиски пазар значи дека вложувате во експоненцијален раст на платформите што веќе ги имате и значи дека потенцијалниот пазар кој го адресирате е многу, многу голем“, изјави по овој повод главниот извршен директор на Чарџ поинт Пасквал Романо. Договорот и јавниот настап на финансиските пазари е таргетиран да обезбеди 492 милиони долари, капитал кој компанијата треба да го употреби за ширење на мрежата на станици за полнење на електрични возила во Северна Америка и во Европа. Договорот се очекува да се реализира до крајот на годинава. Индустријата за електрично полнење бележи експоненцијален раст, а инвестициите во инфраструктурата на дејноста се очекува да достигнат близу 200 милијарди долари до 2030 година. 

ПРЕПОРАЧАНО