Вести
Донација од „Нова“: 25 деца во социјален ризик добија електронски уреди за полесно следење онлајн настава
02.11.2020г.
Вкупно 25 деца на самохрани родители кои живеат во социјален ризик ќе добијат електронски уреди за полесно следење на онлајн наставата како донација од меѓународното училиште „Нова“. Меѓународното училиште донираше 25 уреди за следење на настава, од кои половина се нови, а останатите користени, обезбедени во акцијата што ја покренаа училиштето „Нова“ и Асоцијацијата на родители и наставници (PTA) од ова училиште, во соработка со организацијата „Проект среќа“. Донаторска акција во „Нова“ се спроведуваше изминатиот месец и во неа се вклучија голем број на ученици, родители и наставници од ова училиште.
Уредите денеска (2 ноември) им беа предадени на претставниците на „Проект среќа“ кои понатаму ќе им ги поделат на децата од социјално загрозени заедници.
Од „Нова“ истакнуваат дека недостигот на соодветни уреди за следење на онлајн наставата е сериозен проблем со кој се соочуваат децата од социјално загрозените семејства и поради тоа им е оневозможено соодветно да се вклучат во образовниот процес. Затоа училиштето „Нова“ покрена донаторска акција со цел да им го олесни пристапот на овие деца до поквалитетно образование.
- Образованието е најважната алка за развојот на децата и основниот темел за градење здраво општество. Сепак, свесни сме дека сите деца немаат еднакви можности за да добијат квалитетно образование и затоа покренавме донаторска акција преку која ќе им помогнеме на дел од децата кои немаат услови да се вклучат во образовниот процес во овие специфични услови што ги наметна пандемијата. Заедницата на „Нова“ секогаш е подготвена во рамките на своите можности да им излезе во пресрет на ранливите групи и да направи промена во општеството кон подобро – велат од „Нова“.
Вкупно 25 деца на самохрани родители кои живеат во социјален ризик ќе добијателектронски уреди за полесно следење на онлајн наставата како донација одмеѓународното училиште „Нова“. Меѓународното училиште донираше 25 уреди заследење на настава, од кои половина се нови, а останатите користени, обезбедени воакцијата што ја покренаа училиштето „Нова“ и Асоцијацијата на родители и наставници(PTA) од ова училиште, во соработка со организацијата „Проект среќа“. Донаторскаакција во „Нова“ се спроведуваше изминатиот месец и во неа се вклучија голем број наученици, родители и наставници од ова училиште.Уредите денеска (2 ноември) им беа предадени на претставниците на „Проект среќа“ коипонатаму ќе им ги поделат на децата од социјално загрозени заедници.Од „Нова“ истакнуваат дека недостигот на соодветни уреди за следење на онлајннаставата е сериозен проблем со кој се соочуваат децата од социјално загрозенитесемејства и поради тоа им е оневозможено соодветно да се вклучат во образовниотпроцес. Затоа училиштето „Нова“ покрена донаторска акција со цел да им го олеснипристапот на овие деца до поквалитетно образование.- Образованието е најважната алка за развојот на децата и основниот темел заградење здраво општество. Сепак, свесни сме дека сите деца немаат еднаквиможности за да добијат квалитетно образование и затоа покренавме донаторскаакција преку која ќе им помогнеме на дел од децата кои немаат услови да се вклучат вообразовниот процес во овие специфични услови што ги наметна пандемијата.Заедницата на „Нова“ секогаш е подготвена во рамките на своите можности да имизлезе во пресрет на ранливите групи и да направи промена во општеството конподобро – велат од „Нова“.