Вести

Фолксваген ќе инвестира 15 милијарди долари во производство на електрични возила во Кина

„Фолксваген“ (Volkswagen AG) најави дека заедно со три локални компании со кои има заеднички капитал во Кина постигнале согласност за инвестиција од 15 милијарди долари во производство на електрични возила на територијата на Народна Република Кина. Заедно со кинеските компании ФАВ Груп (FAW Group), САИК Мотор (SAIC Motor) и ЈАК (JAC), германскиот производител на автомобили планира да ја прошири сопствената гама на електрични возила и хибриди со надворешно електрично полнење со нови 15 модели наменети претежно за кинескиот пазар. Основа за новото производство се веќе постојните две фабрики на „Фолксваген“ во Кина, а планираната инвестиција треба да се реализира во наредните четири години, сè до 2024 година. Првите електрични и хибридни автомобили од новата инвестиција се очекува да се најдат на кинескиот пазар на почетокот на 2025 година. Групацијата „Порше“, каде што носечки бренд е „Фолксваген“, претставува најголем производител на автомобили во светот со најголемо странско присуство на кинескиот пазар кој, пак, се смета за најголем на светот.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано