Вести

PrimePoint Partners носи израелски најдобри практики за асцелераторски програми за напредни технологии

27.11.2020г.

15 учесници, меѓу кои и многу познати компании, успешно ја завршија двонеделата пре-асцелераторската програма на PrimePoint Partners за напредни и применети технологии. Учесниците имаа можност да се стекнат со знаење и контакти кои ќе ја унапредат нивната понатамошна работа и ќе им помогнат во нивниот развој во областа во која што работат. Програмата беше поддржана од Министерството за надворешни работи на Израел и израелскиот амбасадор во Македонија, г. Дан Оријан кој ја истакна важноста за споделување знаење и зајакнување на партнерството меѓу Израел и Македонија, изјавувајќи дека „сите ние сакаме да ја видиме Македонија како следна стартап нација на Балканот“. 

Оваа програма е прва од низата пре-асцелераторски програми што PrimePoint планира да ги организира во иднина.

Предавачи беа реномирани професори и етаблирани деловни професионалци, вклучително и проф. Нинослав Марина, ректор на Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле “, Охрид, Македонија; Мајкл Мизрахи, директор на асцелераторот AtoBe при колеџот Азриели за инженерство во Ерусалим; Д-р Јасмина Поповска кандидат за политика за иновации Менаџер за создавање деловни активности на ЕИТ Производство Виена; Ивана Станковиќ, сениор советник во PrimePoint Partners и како гостин предавач Зоран Мартиновски, кој повеќе од 20 години служеше како Менаџер за регионот во IFC, Групација на Светска банка и исто така е член на Советодавен одбор на PrimePoint Partners.

Дел од учесниците споделија свои импресии од програмата. Повелете дел од нив:

- “Супер програма, подготвена со многу ентузијазам и полна со корисни информации” – Ана Дамјаноска-Поповска, СТРИМФОРМ д.о.о

- “Одлична конференција! Говорниците беа врвни, сесиите беа едукативни, забавни и со многу споделување на искуства и идеи. Атмосферата е пријатна и забавна и ќе имате многу можности лично да комуницирате и со предавачите и со учесниците“- Александар Јовчевски, Web Factory LLC

- “Приликата да се учествува во пре-асцелераторската програма на ПримеПоинт беше со еден збор  “GOLDEN”. Програма која го смени начинот на кој што им пристапувам на проблемите, како ги решавам и најважно од се како да креирам продукт/бизнис од истите. Уште од третиод ден на самата обука почнав да применувам дел од работите во секојдневното работење и резултатите верувам дека ќе бидат многу позитивни. Домашните и странските говорници отидоа над сите очекувања и верувам дека само со вакви обуки и програми може реално да се развијат малдите иновативни бизниси во државата. Ѕвезда на настанот реално беше господинот Мизрахи кој во сите нас запали еден оган на креативно/иновативно размислување, не извади од комфорт зоните и преку реални примери ни даде “preview” во светот глобалните стартапи.На крај важно да се напоене дека тимот на ПримеПоинт како организатор на овој настан ги заслужува сите пофалби и верувам дека во иднина  ќе продолжи со вакво темпо а воедно и верувам дека заедно ќе градиме одлични деловни релации” – Бојан Џиков, Сопственик и Генерален Менаџер на Target Group LLC Skopje

ПРЕПОРАЧАНО