Бизнис

Азески: Две илјади дваесет и прва година е година кога треба да си помогнеме сите заедно

Што очекуваат од 2021 година?

Бранко Азески: Секоја криза е шанса. Две илјади дваесет и прва година треба да ја гледаме како наша шанса и со конкретни мерки и активности да дојдеме во ситуација да изградиме посилна македонска економија во постковид-19 периодот. Тоа значи да го подигнеме степенот на дисциплина, на професионализам и на претпазливост за да успееме да ја решиме Рубиковата коцка за излез од кризата.

На почетокот на пандемијата државава ѝ помогна на економијата. Две илјади дваесет и прва година е година кога треба да си помогнеме сите заедно, да им помогнеме на фирмите кои ќе можат да инвестираат и да отвораат нови работни места за тие потоа да ѝ помогнат на државава.

Од 2020 година мораме да извлечеме поуки затоа што ако тоа не го направиме ќе платиме висока цена. Пораката на бизнисот е многу јасна: државава да продолжи поупорно во лидерството, приватниот сектор поупорно во работењето, во иновациите и во отворањето нови пазари, а граѓаните во спроведувањето на мерките кои ги договоривме заедно на почетокот на кризата – прво, спасување на човечките животи, а потоа на економијата.

ПРЕПОРАЧАНО