Бизнис

Петер: Да веруваме во себе и во економијата

Што очекуваат од 2021 година?

Штефан Петер: Моите очекувања за 2021 година? Најважно од сè, очекувам да започне вакцинирањето. Можеби не на почетокот од годината, но најдоцна до март. Иако нема сè веднаш да се врати во нормала, тоа дефинитивно веднаш ќе произведе психолошки ефект. А психолошкиот ефект е важен за бизнисот. Ова го покажаа меѓународните финансиски пазари во светот откако големите фармацевтски куќи го обзнанија успешното тестирање на вакцината во ноември. На пример, DAX-индексот порасна за 10 % на денот кога тоа беше објавено, иако во реалноста ништо не беше променето. Тоа покажува дека во основата на сè е вербата така што да веруваме во себе и во економијата. За разлика од времињата по големата депресија, силно верувам дека ќе успееме да ја избегнеме ликвидносната стапица и да ги одржиме позитивните ефекти „на прелевање“ што ни ги донесе оваа криза. Треба да ги задржиме способностите што ги развивме − едноставни правила и практики насочени кон остварување резултат. Тоа е начин на размислување што, кога ќе помине рецесијата, ќе ги доведе понудата и побарувачката до рамнотежа, но на повисоко ниво на ефикасност.

ПРЕПОРАЧАНО