Вести

Економија и бизнис, март 2021г.

Во мартовскиот број ќе читате...

Мега интервју со Асмир Јахоски, сопственик на ,,Пуцко Петрол”: ОТВОРАМЕ НОВИ ХОРИЗОНТИЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

Оваа атрактивна локација кај Алумина долго време беше празна и запуштена. Идејата за просторот е скопјани да добијат нов белег на градот што ќе биде препознатлив по рекреативни игралишта, паркови и содржини произлезени од современиот начин на живот. Простор за домување во комбинација со зеленило е нешто што многу малку го гледаме низ Скопје, затоа сакаме да направиме нешто поразлично и препознатливо. Кога некој ќе живее во тој комплекс да има чувство дека околу него е зеленило. Во комплексот нема да има сообраќајница, нема да има сообраќаен метеж, туку зеленило и тишина. Нашата идеја е овој проект да биде пример за регионално архитектонско решение, затоа ќе ги ангажираме и најдобрите архитекти и урбанисти кои како стручна фела ќе го понудат најдоброто идејно решение.


Интервју со Билјана Ивановска, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата

НАЗАДУВАЊЕТО ВО РАНГИРАЊЕТО УКАЖУВА ДЕКА ПОСТОЈАТ СЕРИОЗНИ ПРЕЧКИ ВО ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА СИСТЕМОТ ВО ЦЕЛИНА

Најголем успех на Комисијата е што успеа со својот транспарентен професионален и неселективен пристап да биде препознаена од страна на ЕК и во последниот извештај за напредокот на земјава да биде оценета како особено проактивна во превенција на корупцијата и отворање на голем број предмети, вклучително и оние кои се однесуваат на високо ниво на службеници низ политичкиот спектар.


Интервју со Анке Холштајн, aмбасадор на Сојузна Република Германија: БЕЗ ЗАПАДЕН БАЛКАН ЕУ НЕ БИ БИЛА КОМПЛЕТНА

Како претседателство со Советот на ЕУ во втората половина на 2020 година, нашата најважна цел во областа проширување беше старт на пристапните преговори со Северна Македонија. Една држава членка не можеше да даде согласност за потребното техничко интерно единство, што внесе спорни билатерални прашања. Тие тука не припаѓаат и би требало да се решат билатерално. Со сите сили се обидовме да овозможиме такво изнаоѓање на решение, но за жал без успех.


Интервју со Весна Стојановска, генерален директор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје: УСПЕШНО СЕ СПРАВИВМЕ СО СИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА ДОМАШНИОТ И ГЛОБАЛНИОТ ФИНАНСИСКИ ПАЗАР

Друштвото активно ја следи состојбата на пазарот и конкуренцијата. Нашата акционерска структура, сигурноста и стабилноста, историјата зад нас, квалитетниот тим и ноу-хау придонесуваат за нашата самоувереност. Друштвото располага со оптимално диверзифицирано портфолио кое опфаќа членови од различна возраст и е создадено за сите целни групи со максимален принос за членовите, минимални трошоци за инвестирање и минимално ниво на ризик. Наше мислење е дека е потребно проширување на рамката за инвестирање преку воведување на нови инструменти за инвестирање.


Зоран Јовановски: ПРАВИЛАТА НА ИГРАТА НЕ СЕ МЕНУВААТ НА ПОЛУВРЕМЕ

Ова не е текст за кладилниците, не е текст за бројот на работни места што ќе се изгубат со промена на правилата, не е текст за тоа колку ќе бидат помали приходите во буџетот на државата. Ова е текст за клучниот момент во целата приказна, а тоа е важноста на тоа да се почитуваат правилата на игра. Ако некој сака да ги менува правилата, тоа може да важи само за нови субјекти кои влегуваат на пазарот. Оние кои веќе работат треба да имаат можност да работат по правилата по кои ја добиле лиценцата за работа до истекот на лиценцата. Во предвидлив економски амбиент, правилата на играта не се менуваат на полувреме.


МАКЕДОНИЈА2025: ТИМС-резултати 2019 година: Колку знаат македонските ученици?

Креаторите на образовните политики треба да разберат дека образовните реформи треба да се вклопат во целокупното социо-економско опкружување и контекстот на образованието. Принципот „copy-paste“ не може да функционира и да ги донесе посакуваните резултати.


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ: МАКЕДОНСКО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЦЕФТА

Нашите приоритети се во насока на обезбедување на европска иднина кон која се стремат сите членки на ЦЕФТА.

Златко Ветеровски: Предизвиците на македонското претседателство со ЦЕФТА
Емир Џикиќ: Во текот на македонското претседателство, ќе продолжиме со олеснување на трговијата со стоки
Матеј Законшејк: Возењето електричен автомобил од Белград до Скопје и од Скопје до Солун треба да стане реалност во блиска иднина
Горан Сугарески: Царинската управа е една од најзначајните институции за секоја национална економија
Крешник Бектеши: ЦЕФТА-земјите се втор трговски регионален партнер на Република Северна Македонија во надворешно-трговската рамена


Гордан Георгиев: ВАКЦИНИРАН СУМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ!

„Вакцинирањето на секој поединец е морална должност. Тоа е дел од нашата заедничка одговорност... Оној кој нема да се вакцинира, ќе биде оставен сам“, изјави неодамна израелскиот министер за здравство Јули Еделштајн. Да бидеш оставен сам во рамките на едно општество е исклучително непријатна ситуација. Човекот е човек затоа што живее во општеството, сам може да живее или ѕверот или Бог, велеше Аристотел многу одамна.


Драган Тилев: ЗЕМЈА СО МОЖНОСТ ЗА „ИЗЛЕЗ“ НА ТРИ МОРИЊА
Делот од Македонија, денеска Република Северна Македонија, во кој политички опстојуваме е мал затворен континентален простор, со ограничени природни ресурси и релативно слабо развиена економија. Единствената наша компаративна предност и потенцијал за забрзан одржлив развој е токму нашата географска централна позиција на Балканскиот Полуостров, која нуди можност да се трансформираме од (само) природна во важна економска крстосница која ќе ги поврзува трговските патишта од Црното до Јадранското Море (Трансевропскиот коридор VIII), но и од Егејското Море кон континенталниот дел од Европа (Трансевропскиот коридор X). Важноста е препознаена уште од времето на Римската Империја, ние само сме ја наследиле и како потенцијал треба да ја искористиме.


Марек Дитл, главен извршен директор на Варшавската берза на хартии од вредност: ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА СО ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА СИЛЕН РАСТ

Во текот на пандемијата, кога пристапот до заеми е уште потежок, бизнисите со добри изгледи имаат подобра шанса на берзата на хартии од вредност каде што инвеститорите носат одлуки базирани на потенцијалот на компанијата и на нејзиниот бизнис-модел, а не на минатото како што тоа го прават банките


Султанија Бојчева-Терзијан: ФИНАНСИСКИ СМЕТКИ ‒ НАЈНОВАТА СТАТИСТИКА ВО СТАТИСТИЧКОТО ПОРТФОЛИО НА НАРОДНАТА БАНКА

Веруваме дека преку збогатениот сет податоци ќе продолжиме со понатамошно исполнување на нашата стратегиска цел во областа на статистиката која, меѓу другото, се однесува и на изготвување веродостојни и корисни податоци целосно усогласени со меѓународните и европските статистички стандарди


Прилог за Општина Кочани во рамки на проектот МОЈАТА ОПШТИНА - ФИНАНСИИ, РАЗВОЈ, ДОЛГОРОЧНА ОДРЖЛИВОСТ

- Интервју со Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани
- Анализа на буџетот на општина
- Ставови на членовите на Советот на општината
- Ставови на претставниците на бизнис заедницата


Катерина Бошевска: ПРЕДИЗВИЦИ НА БАНКАРСКОТО РАБОТЕЊЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ПАНДЕМИЈАТА

ДЕЛ 1: ОЦЕНКА НА РИЗИКОТ И ОЧЕКУВАЊА НА ЕВРОПСКИТЕ БАНКИ

На банките им треба еден побрз и полесен процес за решавање и отстранување на нефункционалните кредити од нивните биланси, избегнувајќи ги на тој начин штетните ефекти на оваа категорија во иднина.


Александар Матески: УПРАВУВАЊЕТО СО АМБАЛАЖНОТО СТАКЛО КАКО ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА С.МАКЕДОНИЈА

Приодот во справувањето со стаклото како амбалажен отпад мора да биде сестран. Угостителскиот сектор мора многу посериозно да ги почитува законските обврски бидејќи судбината на значителен дел од стаклениот отпад зависи токму од него. Големо олеснување е што почитувањето на законските одредби не предизвикува никакви финансиски импликации, туку се потребни само минимални организациски престројувања


Дејан Јанчевски: 130/30 ИНВЕСТИЦИСКА СТРАТЕГИЈА НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ХЕЏ-ФОНДОВИ

Иако навидум изгледа едноставно, сепак веројатноста да се промаши очекуваниот исход е голема. Доколку цената на акциите се движи нагоре, тогаш фондот нема да биде во можност да ја испорача обврската за враќање на акциите и неговата структура е нарушена. Во таква ситуација може и евентуалниот профит од долгите позиции да не биде доволен за покривање на загубите, а сето тоа води кон штета на поединечните инвеститори.


Татјана Штерјова Душковска: КОН ТРГОВСКА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ПРЕКУ ПРОГРАМИТЕ ЗА ЗАЕМНО ПРИЗНАВАЊЕ

Една студија на Светска банка укажува дека камионите на граничните премини низ Западен Балкан годишно губат 26 000 000 часови (или приближно 80 % од нивното вкупно време на патување) – тоа кумулативно се речиси 3 000 години изгубени годишно во стоење во место, усогласување на документации, сертификати и анализи, проверки и контроли, на секој одделен граничен премин во регионот


Дарко Булдиоски: ЛУЃЕТО КУПУВААТ ПРЕД ДА ПЛАТАТ

Насловот всушност ми е украден, а се однесува на темата која ја дискутираме со човекот од кого јас го слушнав. Дали досега сте продале нешто пред да може да се купи?


Љупчо Поповски: УНГАРИЈА: КОГА НЕЗАВИСНОТО РАДИО ЌЕ БИДЕ УБИЕНО

Одземањето на лиценцата на популарното независно Клубрадио е само последниот чекор во демонтирањето на плуралниот медиумски простор во Унгарија. Бројот на оние медиуми кои не се под капата на Владата на Виктор Орбан драматично се намалува.


Дејан Азески: ДАЛИ ПРИНЦИПОТ НА „НЕВРЗАНОСТ“ ВО СВЕТСКАТА ПОЛИТИКА ПОВТОРНО ДОБИВА ВРЕДНОСТ?

Нема разговор за тоа дека вакцини насушно ни се потребни сега и одма и дека тоа позитивно ќе влијае и на економската и на политичката стабилност на нашава држава. Но, тоа никако не значи дека треба да сме непретпазливи во нашата надворешна политика и со тоа да ги поткопаме и онака малите придобивки за кои се боревме цели триесет години. Србија можеби е позитивен пример во процесот на вакцинација, но дефинитивно не е воопшто паметна во водењето на надворешната политика и тоа ќе се покаже на дело порано или подоцна. Историјата е бескомпромисна спрема сите оние кои не си го знаат своето место во меѓународниот поредок. Да, Белград е регионален центар многу понапреден од нас од кого треба многу да учиме, но во никој случај не треба и слепо да го следиме.


Емануел Рембер: « ВОДНО РОУД »

Градот Скопје се простира во долина. Во него автомобилите се движат правејќи голема бучава. Асфалтираните патишта нè тераат да вдишуваме CО2. Планината Водно што ја познавате подобро од мене е темнозелена. Ги има боите на Божиќ, еден вечен Божиќ.


Лидија Георгиева: ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА, ЕДИНСТВЕНА ОПЦИЈА ЗА ОДРЖЛИВА ИДНИНА

Загадувањето има глобални последици − стакленичките гасови ја задржуваат топлината во Земјината атмосфера и придонесуваат за глобалното затоплување.

Намалувањето на загадувањето на воздухот не само што ќе го заштити човечкото здравје туку ќе придонесе и за поттикнување на развој на руралните средини.


Сузана Камберова: ДА СЕ УМРЕ ОДЕЈЌИ

Секој може да успее. Не постојат родени губитници. Сè што треба да се стори кога животот ќе нè донесе во безизлез е да се стане и да се обиде „да се умре одејќи“. Оној кој ќе го направи тој избор е вистинскиот јунак, во него е силата, а таа одлука го разликува од сите останати.

Ниедна битка не е однапред изгубена. Ниедна судбина однапред заклучена. Секој човек може, во одредени услови, да биде херој. Или пак плашливец. Изборот го прави секој сам. Никогаш не треба да се предаде и да се подлегне на малодушност


Ѓорѓи Јаневски: ДИГИТАЛНА АРХИВА НА СТЕФАН СИДОВСКИ

Во средината на месец февруари, тивко и сосема неочекувано се појави веб-страница, насловена едноставно sido.mk. Навистина ми е тешко да ја опишам возбудата која сè уште ја чувствувам при секоја нова посета на сајтот.


УБАВА МАКЕДОНИЈА: ЛАКО СИГНОЈ И ОТЕШЕВО
Застанете и направете пауза на Черти Камен. И денес на карпата стојат бројни икони посветени на Св. Ѓорѓи. Преспа, која во легендата била спасена од поплавување, денес се бори да го врати нивото на водата од пред само неколку години.


 

Сето ова, како и други содржини, на 120 страници, за 150 денари, во најблиската трафика.

ПРЕПОРАЧАНО