Вести

Нови 32 милијарди евра за поддршка на економијата одвои Франција за 2021 година

блиц свет

Франција годинава треба да потроши околу 32 милијарди евра за поддршка на економијата, по 2020 година кога дефицитот и долгот достигнаа историски нивоа, посочи министерот за јавни финансии на Француската Република, Оливие Дисоп. „Трошоците за продолжување на итните мерки досега проценуваме дека ќе надминат 30 милијарди евра, поточно околу 32 милијарди евра, со 18 милијарди за Фондот за солидарност, 11 милијарди за делумна активност и околу 3,5 до четири милијарди евра за ослободувања од социјални придонеси“, посочи Дисоп. Минатата година Франција потроши 47 милијарди за оваа помош: повеќе од 16 милијарди за Фондот за солидарност, околу 27 милијарди за делумна активност (и четири милијарди евра за ослободувања од придонеси). Здравствената и економската криза веќе ги затегна јавните финансии минатата година. Според последните пресметки на Националниот институт за статистички и економски студии, јавниот дефицит на Франција достигна 9,2 отсто од БДП, а јавниот долг 115,7 отсто од БДП.

ПРЕПОРАЧАНО