Вести

Шкода ќе инвестира 2,5 милијарди евра во нови технологии

блиц свет

Чешкиот производител на автомобили Шкода (Škoda Auto), кој е дел од Групацијата Фолксваген (Volkswagen Group), ќе инвестира околу 2,5 милијарди евра во следните пет години во технологии на иднината, од кои повеќе од половина ќе бидат инвестирани во електрични возила. Најголемиот извозник во Чешка објави оперативен профит од 756 милиони евра во 2020 година, што е за 54,5 % помалку на годишно ниво. Приходите од продажба паднаа за 13,8 %, на 17,1 милијарда евра. И покрај падот на глобалните резерви од 19 % по сопирањето на производството на почетокот на пандемијата и падот во Кина, тие сепак надминаа 1 милион автомобили седма година по ред. Чешкиот производител на автомобили планира да инвестира 1,4 милијарди евра во развој на електрична мобилност како дел од својот петгодишен план за инвестиции. Инвестициите ќе бидат насочени и кон активности за дигитализација и модернизација на фабриките. Според компанијата, целосно закрепнување на продажбата и стабилизирање на производството очекуваат до крајот на оваа година. 

ПРЕПОРАЧАНО