Вести

Пандемијата ја зголеми вредноста на Нетфликс за 85 милијарди долари

блиц свет

Пандемијата силно ги погоди различните пазарни сегменти во надолна линија, но некои индустрии добија дополнителен импулс предизвикан од бројните рестриктивни мерки. Објавата на официјалните податоци за последниот квартал од минатата година покажуваат дека гигантот за стриминг во 2020 година ја зголемил својата претплатничка база за безмалку 37 милиони претплатници, надминувајќи ја со тоа бројката од 200 милиони претплатници. Овој пораст пред сѐ се должи на фактот што бројните карантини и мерки на ограничена социјализација ги примораа милионите граѓани да ја ориентираат дневната занимација во своите домови. Токму во услови на пандемија и општ пад на домашниот производ, пазарната вредност на Нетфликс скокна 85 милијарди долари за една година, достигнувајќи ја вредноста од 225 милијарди долари, при што приходите на компанијата покажуваат зголемување од безмалку една четвртина или 23 %. Нетфликс објави приход од речиси 25 милијарди долари во 2020 година во однос на 20,1 милијарда долари во 2019 година. Корисниците од Северна Америка генерирале речиси половина или 45 % од таа вредност. 

ПРЕПОРАЧАНО