Вести

Филипс го продава бизнисот со апарати за домаќинство за 3,7 милијарди евра

блиц свет

Најголемата мултинационална компанија за електрична опрема од Холандија Филипс (Koninklijke Philips N.V.) ќе го продаде својот бизнис со апарати за домаќинство на кинеската компанија Хилхаус капитал (Hillhouse Capital Group) во договор вреден 3,7 милијарди евра (4,4 милијарди долари), пренесе извршниот директор Франс ван Хаутен, посочувајќи дека се работи за продолжување на политиката на фокус на компанијата кон производство на опрема за здравствена заштита. Откако излезе од бизнисот со т.н. потрошувачка електроника, вклучувајќи телевизори, ДВД-плеери, осветлување, со последната продажба се заокружува целосниот излез на Филипс од нездравствените пазари. Паралелно, холандската компанија објави низа аквизиции поврзани со индустријата од здравствениот сектор, градејќи го сопственото телемедицинско и дијагностичко портфолио со кое се обезбедуваат едношалтерски центри за болници и клиники кои сакаат да ги оптимизираат трошоците. Бизнисот со апарати за домаќинство, кој вклучува машини за кафе, прочистувачи на воздухот и други производи, кој Филип сега го продава, минатата година оствари продажба од 2,2 милијарди евра. 

ПРЕПОРАЧАНО