Вести

Романскиот стартап „Уи-Пат“ прибира преку една милијарда евра на финансиските пазари

блиц свет

„Уи-Пат“ (UiPath), стартап компанија за роботизирана автоматизација на процеси основана во Романија, планира да собере над една милијарда евра (1,108 милијарди евра) во првичната јавна понуда (ИПО) на Њујоршката берза (NYSE). Морган Стенли (Morgan Stanley) и Џ. П. Морган (J.P. Morgan) се ангажирани како водечки финансиски корпорации за запишување на понудата, додека како активни впишувачи вклучени се и други угледни финансиски институции, меѓу кои и еминентните Барклис (Barclays) и Велс Фарго (Wells Fargo Securities). „Уи-Пат“ е основана во 2005 година во Романија под името „ДескОвер“ (DeskOver) од страна на претприемачите Даниел Дајнс и Мариус Тирка и името „Уи-Пат“ го добива десет години подоцна кога е ребрендирана. Компанијата која сега е со седиште во САД има над 50 канцеларии на просторите на Северна Америка, Европа и Азија. Во март, „Уи-Пат“ ја стекна платформата за интеграција на апликативни програмски интерфејс „Клауд елементс“ (Cloud Elements). Пазарната вредност на компанијата во моментов е проценета на 35 милијарди долари.

ПРЕПОРАЧАНО