Вести

Сад, Кина, Јапонија и Германија ги задржаа водечките места како најголеми економии

блиц свет

Според анализата направена врз основа на економските проекции на Меѓународниот монетарен фонд, главната четворка САД, Кина, Јапонија и Германија ја задржаа водечката позиција меѓу топ 10-те најголеми економии. Иако со пад од над 500 милијарди долари, САД со 20,9 илјади милијарди долари сѐ уште се на врвот како најголема економија според номиналниот БДП. Со 14,7 илјади милијарди долари, Кина стабилно го држи второто место, додека на третото и четвртото место, далеку зад водечките две, се наоѓаат Јапонија и Германија со пет илјади и 3,8 илјади милијарди долари номинален БДП соодветно. Иако со значителен пад кој се мери во стотици милијарди долари, следуваат Британија и Индија, по што следуваат европските економии Франција и Италија со по околу две илјади милијарди долари номинален домашен производ. Поради силното влијание на пандемијата, од првата 10-ка излезе Бразил, додека свое место обезбеди Канада со 1,7 илјади милијарди долари. Последна на листата е Јужна Кореја со номинален БДП од 1,6 илјади милијарди долари. 

ПРЕПОРАЧАНО