Вести

Порше ќе отвора фабрика за батерии за електрични возила во Германија

блиц свет

Луксузната единица за спортски автомобили на Фолксваген (Volkswagen Group) − Порше (Porsche AG) го засилува фокусот кон погонот за електронска мобилност преку плановите за отворање фабрика за производство на ќелии на батерии за електрични возила во јужниот дел на Германија. Европските производители на автомобили, кои главно се потпираат на доставувачите на батерии од Азија, бараат да се намали нивната зависност од странство соодветно на зголемената улога на електронски автомобили, предизвикани од исполнување на построгите еколошки правила во Европската Унија. „Електричните батерии се клучна технологија за германската автомобилска индустрија, која мора да ја имаме и во нашата земја, а Порше сака да има пионерска улога во ова“, изјави Оливер Блуме, извршниот директор на компанијата, посочувајќи дека фабриката за ќелии на батерии ќе биде изградена во германскиот град Туебинген. Порше ќе ги набавува батериите за електрични возила од нејзината матична компанија Фолксваген, која планира да изгради неколку фабрики за батерии низ цела Европа и да ја прошири инфраструктурата за полнење на електрични возила на глобално ниво.

ПРЕПОРАЧАНО