Вести

ЕПЛ се приклучи на компаниите кои обезбедија вакцинација на своите вработени

блиц свет

ЕПЛ (Apple Inc.) објави дека започнува програма со која ќе им обезбеди на своите вработени да добијат доброволна вакцинација против ковид-19 на самото работно место, во просториите на компанијата. ЕПЛ склучи договор со синџирот аптеки „Валгрин бутс алијанса“ (Walgreens Boots Alliance Inc) како нејзин снабдувач со вакцини за што ќе биде отворена и посебна веб-страница на која вработените ќе можат да се пријават за да закажат термин за вакцинација. ЕПЛ е една од првите големи компании од Силиконската долина што започна програма за асистенција на своите вработени при нивната вакцинација. Претходно и претставништвото на Дојче банк (Deutsche Bank AG) во САД стана првата голема банка во Њујорк која го претстави планот преку кој ќе им понуди на вработените вакцинирање против ковид-19 во нејзините канцеларии. Сепак, први во оваа нова практика на големите американски концерни беа Амазон (Amazon.com Inc) кој започна со вакцинирање на лице место за вработените уште на почеток на февруари, почнувајќи од нивните претставништва во Мисури, Невада и Канзас.

ПРЕПОРАЧАНО