Вести

Панасоник го купува Блу Јондер за 7,1 милијарда долари

блиц свет

Како нејзина најголема аквизиција во последнава деценија, Панасоник (Panasonic Corp) соопшти дека е во процес на купување на американската софтверска компанија која обезбедува целосен процес на снабдување „Блу јондер“ (Blue Yonder). Договорот вреден 7,1 милијарда американски долари треба да му обезбеди на Панасоник менаџмент капацитети за да ја достигне зголемената побарувачка. Панасоник минатата година купи 20 % од акциите на „Блу јондер“ за близу една милијарда долари (797 милиони), па одлучи да понуди целосен откуп на преостанатите акции од акционерите. Во своето соопштение, Панасоник одлуката ја оправдуваат со потребата за поинтелигентни, автономни и поинтегрирани синџири на снабдување, која е драматично зголемена со појавата на пандемијата ковид-19. Во извештајот се посочува дека за половина од средствата Панасоник ќе ги користи сопствените заштеди, додека преостанатиот дел компанијата планира да го обезбеди со финансиски заеми, најмногу преку рефинансирање со пласман на обврзници и други хибридни финансии. Јапонската компанија претходно го продлабочи партнерството со „Блу јондер“, стекнувајќи место во одборот на компанијата по стекнување на малцински удел. 

ПРЕПОРАЧАНО