Вести

Корона кризата ќе ја чини Австрија 175 милијарди евра

блиц свет

Групацијата „Триглав“ останува фокусирана на поставените стратешки ориентации, вклучувајќи профитабилно и сигурно работење и ја зема предвид комплексноста на деловното опкружување со нејасни последици од пандемијата на ковид-19 врз економијата и состојбата на пазарите на капитал. Во првиот квартал на 2021 година пресмета 7 % повисока консолидирана бруто-полисирана премија од осигурување (371,7 милиони евра) споредено со истиот период минатата година и оствари раст на премија на повеќето пазари. Во доменот на управување со средствата на клиентите во инвестициските фондови и преку индивидуално управување го зголеми обемот на средства за 13 % (на 1 307,7 милиони евра) споредено со крајот на 2020 година. Добивката пред оданочување за овој квартал изнесува 31,8 милиони евра и е за 21 % повисока во споредба со истиот период минатата година и за 6 % поголема отколку во годината пред пандемијата со ковид-19 (прв квартал од 2019 година). Имајќи ги предвид предвидените деловни услови, групацијата проценува дека ќе оствари годишен профит во планираниот опсег до крајот на годината.

ПРЕПОРАЧАНО