Вести

ЕВН со три награди за безбедност и здравје при работа

блиц Македонија

EВН Македонија и компаниите ќерки Електродистрибуција и ЕВН Електрани ги добија најдобрите награди за „Добри практики во областа Безбедност и здравје при работа во 2020 година“. ЕВН Македонија го освои првото место во Категоријата за услужни дејности; Електродистрибуција исто така го освои првото место во Категоријата за производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и слично во групата за големи претпријатија; а ЕВН Електрани го освои второто место во истата категорија, во групата за мали претпријатија. Наградени беа практиките на ЕВН за целосна заштита на вработените со ковид мерки прилагодени на процес на работа, систематски преглед во ЕВН-простории наместо во болнички, обуки за работа под напон спроведени под посебни услови и протоколи, обука со посебна стандардизирана опрема за работа на висина, примена на нови средства и опреми за стабилизирање на столбови, нов полигон за воведни обуки при секое ново вработување, како и нови работни простории согласно стандардите за највисока безбедност и здравје при работа. Организатори на настанот се Здружението за инженери за заштита „ТУТЕЛА“– Скопје, Здружението за заштита при работа на општина Битола – Битола и Здружението за безбедност при работа „28-ми Април“ – Скопје. 

ПРЕПОРАЧАНО