Вести

„Витаминка“ донира пакети производи за 450 здравствени работници

блиц Македонија

Донацијата е предадена на Инфективната клиника во Скопје, на Модуларниот ковид центар во Штип и на Инфективното одделение од Прилеп, кои секојдневно се вклучени во борбата против ковид-19. Од компанијата велат дека целта на донацијата е да ја искажат својата поддршка и благодарност за пожртвуваноста во негата на пациентите и справувањето со состојбата со пандемијата. „Здравствените работници во инфективните клиники остануваат нашите херои во целиот овој период, тие се најмногу изложени на ризик од болеста, а истовремено се единствените кои можат да ја дадат негата за болните од ковид-19. Освен поддршката за нив, што треба да биде постојана, можеме да помогнеме само со нашето одговорно и совесно однесување да се заштитиме и нив да ги поштедиме. Витаминка својата поддршка ја изразува и преку оваа донација и уште еднаш ја искажува благодарноста за нивната работа и пожртвуваност“, велат од „Витаминка“. Од почетокот на пандемијата, „Витаминка“ три пати донираше пакети со производи за медицинскиот персонал во одделенијата каде што се згрижени пациенти со ковид-19, а во повеќе наврати медицински препарати и заштитни средства за инфективните одделенија

ПРЕПОРАЧАНО