Вести

„Во тимот е силата“ на Охридска банка и на Шпаркасе банка прогласен за „Најдобра ЧР практика на годината“ за 2020 година

блиц Македонија

Признанието е доделено од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ЧР-ден. Овој проект беше спроведен со цел да се оддаде признание на сите вработени за нивната посветеност, лојалност, труд и придонес во изминатава година, а воедно  ја претставува и визијата, мисијата и вредностите кон кои се обединуваат Охридска банка и Шпаркасе банка Македонија. Во екот на пандемијата, тимот за човечки ресурси на двете банки најде начин да им изрази поддршка и благодарност на вработените кои неуморно работеа во отежнати услови предизвикани од здравствената криза како последица од ковид-19 и истовремено работејќи на процесот на интеграција на двете банки. Целиот тим за човечки ресурси од двете банки подготви изненадувања за вработените кои од почетокот на светската пандемија овозможуваат сигурност, достапност и непречено опслужување на клиентите. Преку овој проект, Охридска банка и Шпаркасе банка Македонија повторно покажаа дека заедно можат да одговорат на сите предизвици и непредвидени ситуации затоа што „се грижиме едни за други во рамките на нашата Шпаркасе групација и заедно го трасираме патот на успехот“, истакнуваат од Групацијата.

ПРЕПОРАЧАНО