Вести

„Фолксваген“ одби над девет милијарди евра понуда за Ламборџини

блиц свет

„Фолксваген“ (Volkswagen Group) доби понуда од 7,5 милијарди евра (9,2 милијарди долари) за да ја отстапи својата автомобилска производствена линија и брендот Ламборџини (Lamborghini S.p.A). Автомобилската групација претходно соопшти дека предвидува преструктурирање на работата на неколку од „поскапите“ брендови, но според најавите, т.н. суперавтомобил брендот од нивната групација не е на продажба. Швајцарската финансиска групација „Квантум груп“ (Quantum Group AG), заедно со инвестициската фирма „Центрикус асет менаџмент“ (Centricus Asset Management Ltd.) со седиште во Лондон, во таканаречена „необврзувачка“ понуда ги утврдија условите под кои се подготвени за купување на Ламборџини. Во условите е прецизирано дека понудата вклучува задржување на сите вработени и креирање на нови 850 работни места во наредните пет години. Претседателот на Ламборџини Стефан Винкелман (Stephan Winkelmann) претходно најави дека групацијата планира да инвестира дополнителни 1,5 милијарди долари во производство на нова хибридна производствена линија до 2024 година. Првиот целосно електронски автомобил Ламборџини го очекува до крајот на оваа декада. 

ПРЕПОРАЧАНО