Вести

Наследникот на „Алиталија“ ќе започне со летови дури по септември

блиц свет

Државната италијанска авиокомпанија која треба да ја замени банкротираната „Алиталија“ (Società Aerea Italiana) ќе започне да лета само во септември − пропуштајќи ја со тоа таканаречената висока сезона на летни одмори кога авионскиот сообраќај е најгуст. Новата компанија Италијански аеротранспорт (Italia Trasporto Aereo – ITA) иницијално требаше да започне со летови уште во април оваа година, но нејзиниот извршен директор минатиот месец најави дека услугите ќе мора да бидат одложени за јули бидејќи разговорите со Европската комисија за субвенциите државна помош која компанијата ги обезбедува од италијанската држава достигнаа „ќор-сокак“. За да не се пропуштат приходите од таканаречената „висока“ сезона, ИТА би можела да постигне договор со „Алиталија“, што ќе ѝ овозможи на новата компанија да започне со продажба на билети во име на стариот авиопревозник додека чека амин од страна на ЕУ за преземање на остатокот од основните средства на „Алиталија“. Судбината на 11 000 луѓе кои работат во „Алиталија“ е под постојан предизвик од мај 2017 година кога авиопревозникот беше ставен под принудна администрација.

ПРЕПОРАЧАНО